СЗО: КОВИД-19 ВАКЦИНИТЕ СЕ ЕФИКАСНИ ПРОТИВ СИТЕ ВАРИЈАНТИ НА ВИРУСОТ

0
22

Вакцините против Ковид-19, кои се одобрени и се достапни засега, се ефикасни против „сите варијанти на вирусот“, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот, повикувајќи сепак и понатаму да се продолжи со почитување на мерките.

Иако здравствената состојба во Европа се подобрува, меѓународните патувања сепак треба да се избегнуваат затоа што закана сè уште постои, како и нови непознати, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа, особено кога станува збор за новата загрижувачка варијанта што е откриена првпат во Индија, а потоа потврдена во 50-тина земји.

„Тоа е закана полна со непознати“, предупреди Кетрин Смолвуд, одговорна за кризни ситуации во канцеларијата на СЗО за Европа. „Пандемијата не е завршена“.

Според СЗО, во целиот регион кој опфаќа дел од Централна Азија, бројот на новозаболени паднал за 60 проценти за еден месец, од 1,7 милиони во средината на април на 685.000 минатата недела.

„Одиме во вистинската насока, но треба да останеме будни… Зголемувањето на мобилноста, физичката интеракција и собирањето може да доведе до зголемен пренос во Европа“, рече регионалниот директор, истакнувајќи дека важните патувања остануваат дозволени.

Покрај тоа, ублажувањето на мерките за социјално дистанцирање мора да биде придружено со засилување на напорите поврзани со тестирање, следење на контактите, редослед на варијанти на вируси и вакцинација.

„Нема нула ризик“, рече Клуге. „Вакцините може да бидат светло на крајот од тунелот, но не смееме да дозволиме таа светлина да нè заслепи“.

Извор Локално