СИТЕ ШТО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ДО 31 МАЈ ЌЕ ДОБИЈАТ 25 ЕВРА ОД ДРЖАВАТА, ИЗЈАВИ ВУЧИЌ

0
33

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека е донесена одлука за дополнителна финансиска помош за оние кои се вакцинирале.

Тој најави дека таа награда ќе изнесува 3000 динари (околу 25 евра).

Како што истакнува, сите со повеќе од 16 години кои ќе се вакцинираат со една или две дози, до 31 мај, ќе добијат дополнителни 3000 динари.

Вучиќ истакнал дека доцна синоќ се консултирал за таа одлука со премиерката и министерството за финансии, но дека таа одлука мора да биде усвоена од владата.

Целта е да се наградат оние кои покажале одговорност, како и да се мотивираат останатите да се вакцинираат.