СКАНДАЛ ВО АВСТРИСКА БОЛНИЦА: НА ПАЦИЕНТ МУ АМПУТИРАЛЕ ПОГРЕШНА НОГА

0
16

Клиниката Фрајдштад јавно се извини за „трагичната грешка“ затоа што на пациент му отсекла погрешна нога. Проблем е и што во пракса ова значи дека се уште има нога која треба да биде исечена.

„Длабоко сме шокирани што во вторникот, 18 мај, и покрај стандардите за квалитет, беше ампутирана погрешна нога на 82-годишен пациент,“ се наведува во извинувањето на клиниката.

Според австриските весници, пациентот првично не ја забележал грешката заради бројните болести од кои страда. Клиниката пробува да се вади и на тоа дека тие наводно пред операција му рекле на 82-годишниот маж да потврди дека станува збор за правилната нога, но неговата способност за артикулирање била ограничена.

Грешката е направена кратко пред операцијата, кога се обележувало која нога треба да биде ампутирана.

„За несреќа грешката, во која е отстранета десната нога наместо левата, настанала како резултат на несреќни околности,“ објаснуваат од клиниката Фрајдштад.

На пациентот за кратко време му е закажана ампутација и на другата нога, како последица на болестите кои ги има.