Сообраќајна незгода на влезот во Кавадарци од кај Росоман – едно лице повредено

0
16

Едно лице е повредено во судар на трактор и автомобил на влезот во Кавадарци од кај Росоман.

Повреденото лице е задржано во Општата болница во Кавадарци, потврдија за МИА од кавадаречката Итна медицинска помош.

Полицијата врши увид на местото каде се случила сообраќајката.