СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА НА ПАТОТ КУМАНОВО – ЛИПКОВО, ДВАЈЦ ПОВРЕДЕНИ

0
40

На 22.05.2021 околу 16.15 часот на регионален пат Куманово-Липково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фоксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Липково, кумановско и патничко моторно возило „фоксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од с.Лопате,кумановско и сопатничка Љ.К.(32) од с.Лопате.

Во незгодата, со тешки телсени повреди се здобила Љ.К., а со повреди се здобил А.А. на кои им била укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.