Со затворањето на Југохром се испразнија селата во Општина Јегуновце

0
43

Со затворањето на Југохром се испразнија селата во Општина Јегуновце. Без комбинатот не може да се преживее, па голем дел чарето го бараат или во Скопје, или во западно европските земји, каде веќе работаат, а голем дел од нив е се отселени, раскажуваат жителите. Југохром се затвори пред речиси 5 години, затоа што не ги исполнуваше еколошките стандарди за работа

Празни улици и сокаци. Ретко може да се забележи да помине човек во селата во Општина Јегуновце. Откако пред 5 години Југохром згазна, и населението од овој крај полека заминува, особено помладите кои се вработија во земјава и странство, но домовите ги оставија празни.

Мештаните бараат фабриката да проработи, со почитување на сите еколошки стандарди

Печките во Југохром загаснаа во ноември 2016 година, откако Инспекторатот за животна средина донесе одлука за забрана за работа, поради непочитување на еколошките стандарди.

Од раководството на фабриката најавија изградба на систем за отпрашување. Беше поставен бетонскиот постамент и челичната конструкција, но по неколку месеци работите запреа.И по поминати 5 години проекот филтер станицата се уште тапка во место. Од раководството накусо ни истакнаа дека засега не се планираат никакви активности за доизградба на станицата, a со тоа и рестартирање на фабриката

По затворањето на Југохром кај 1000 семејства од овој регион, згазна и основната егзистенција