СРЕДБА ПЕНДАРОВСКИ – МИЦКОСКИ

0
22

По девет месеци без комуникација денеска се стопи ледот меѓу претседателот на државата Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ средбата со Пендравоски е начин да спаси нечии живот, за што вели дека ако е потребно ваков чекор ќе направи повторно. Претседателот на државата пак смета дека мора да има кумуникација меѓу него и политичките фактори во земјата, бидејки тие се платени за да кумуницираат.

Сепак настаните за 27 април беа главна тема на средбата. Според Мицкоски тој и претседателот нашле разбирање за темата, додека Пендаровски пак истакна дека помилување не доаѓа во предвид за 27 април, тој кажа дека не станува збор за тероризам туку за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на шефот на државата му кажал дека тие не бараат амнестија и милостина, туку дека бараат правда која што смета дека ќе биде постиганата со одново почнување на судскиот процес. Во текот на средбата со претседателот, Мицковски кажал дека е време политичарите да ги тргнат рацете од судството и обвинителството.

Свој став за средбата Мицкоски и Пендаровски денеска имаше и премиерот Зоран Заев кој изјави дека е добро што има политички дијалог помеѓу шефот на држава и опозицијата, според него средбите се посакувани и добредојдени, но вели дека не смее да има никакви правни промени за случајот 27 април.

Покрај случајот 27 април Пендаровски и Мицковски разговарале и за курупцијата и криминалот во земјата, според Мицковски Македонија е најкорумпирана земја во регионот, шефот на државата пак го известил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со евроинтеграциите на земјата, но и за иборите што летово ќе се случуваат во Софија.

Извор Тв24