СТОЕВ: ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ДИЈАЛОГОТ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ГЛАВЕН ПРИОРИТЕТ

0
23

За време на презентацијата на својот тим, новиот министер за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев најави дека прв приоритет ќе биде враќање на довербата и интензивирање на билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стоев, ова е актуелно прашање за кое треба да се разговара.

– Ние сме отворени за дијалог. Она што е потребно е постојаност, конструктивен став во дијалогот и можам да кажам дека целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во воспоставувањето на довербата меѓу двете земји, рече министерот Стоев.