Столбчиња ќе има долж целата велосипедска патека на булеварот Илинденска

0
18

Од Општина Тетово најавија поставување на столбчиња долж целата велосипедска патека на булеварот Илинденска, со цел поголема безбедност на велосипедистите, односно одвојување на оваа патека од сообраќајната лента.

Столбчињата како што наведуваат од Општина Тетово, ќе овозможат слободно возење на велосипедистите без препреки, каде претежно на патеката има паркирано возила.

Од општината најавија дека секаде каде што сообраќајните правила овозможуваат велосипедска патека ќе биде поставена на останатите делници во градот.

Во Тетово има велосипедска патека и на булеварот Маршал Тито каде и оваа патека е често узурпирана како и новата на булеварот Илинденска, на која граѓаните гледаа со потсмев, затоа што на самата патека имаше бетонски столб, па често на хумористичен начин оваа патека ја нарекуваат патека за екстремни велосипедисти. Веста стигна и до странските медиуми.

По реакциите во јавноста бетонскиот столб беше остранет и се започна со поставување на столбчиња долж линијата каде е оцртана новата велосипедска патека. 

ММС