СТОТИЦИ МИНИ ДИВИ ДЕПОНИИ ЈА ЗАГАДУВААТ ЈЕГУНОВЦЕ, ЕДНА ОД НАЈЗЕЛЕНИТЕ ОПШТИНИ СО НАЈПЛОДНА ПОВРШИНА

0
21

Стотици мини диви депонии ја загадуваат една од најзелените општини во полошко Јегуновце.Сметот не се чисти редовно, затоа што општината нема комунално претпријатие.

Градежен шут и друг разновиден отпад со години ги загадуваат живописните предели во Општина Јегуновце

Мештаните велат дека самиот народ ја загадува околината. Треба редовно чистење на сметот, но и поголема контрола на локациите каде се фрла отпадот.

Од Општина Јегуновце истакнаа дека не се во можност редовно да ги расчистуваат депониите затоа што општината нема комунално претпријатие. Градоначалникот Дарко Блажевски одлучил да го ликвидира, поради како што вели, нерентабилното работење.Сега најавува отворање на ново, како и поголема контрола на локациите каде се фрла смет.

-Јас како градоначалник кога дојдов на функција морав да го затворам старото комунално претпријатие, затоа што работеше со загуби. Сега сме во постапка за отворање на ново. И тогаш ќе ги засилиме нашите акции за чистење на дивите депонии. Јас како градоначалник заедно со мојот тим и без комунално претпријате ги исчистивме дел од депониите, онолку колку ни дозволуваа средствата , но ете пак на истите места се создадоа нови диви депонии, пак се е до свеста на населението, но треба и поголема контрола, за што планираме да воведеме е редари и инспекции на терен, да видиме кој тоа ги загадува нашите убавини.  Сега планираме да поставиме табли за забрането фрлање на смет, па да видиме со овој чекор колку ќе проработи свеста, изјави Дарко Блажевски градоначалник на Општина Јегуновце.

Досега ниту едно лице не е казнето за фрлање на смет во Јегуновце, каде се создадени стотици мини див депонии, загадувајќи ја една од најеколошките општини во полошко.