Тетово без машина за чистење на прашина и кал, исто како дом без правосмукалка

0
19

Тетово никако да се спаси од стотиците тони отпад, прашината и калта по јавните површини што е една од главните причини за аерозагадувањето во градот. Улиците и тротоарите се уште се чистат најчесто рачно со метли, а општината со години само ветува дека ќе набави машини за чистење на овие површини

Големи и мини диви депонии, прашина, кал и разновиден отпад кој секојдневно се таложи по рабовите на улиците, а зелената површина речиси ја нема. Ваква е сликата во градот под Шара кој со години го носи епитетот, еден од најзагадените градови во светот.

 

Граѓаните бараат општинските власти поголемо внимание да обрнат на хигиената, особено во време на пандемија

Од Општина Тетово најавуваат зајакнување на капацитетот на комуналното претпријатие преку набавка на нови камиони за подигање на смет, како и машини за чистење на улиците.

Еколошките организации реагираат на сликата во градот кој се гуши во прашина, а тетовските комуналци во 21 век се уште го чистат градот со метли.

Тетово со децении го нема решено нути проблемот со одлагање на сметот на претоварната станица кај тетовско Фалише, каде отпадот пред да се однесе во скопската депонија Дрисла, се истура на земја загадувајќи ја почвата и подземните води.