ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ОТКАКО БИЛ УДРЕН ОД АВТОМОБИЛ

0
24

На 20.05.2021 во 13.30 часот на сервисна улица во круг на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(53) од с.Крушопек, скопско, удрило во пешакот А.К.(74) од с.Неготино, општина Врапчиште.

По незгодата, на А.К. во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.