Трговијата во Тетово која претежно зависи од печалбарите пред колапс

0
19

Трговијата во Тетово која претежно зависи од печалбарите пред колапс. Откако иселениците лани поради пандемијата не дојдоа во својот роден крај и не оставија односно потрошија пари со кои трговските објекти ја крпат годината, ова лето трговците се надеваат економијата да живне со отворањето на границите и доаѓањето на печелбарите

Велат дека прометот им е намален и до 100 % Поради ваквата состојба дел од трговските објекти веќе се затворени, а некои се уште одлучуваат дали ќе го преземат истиот чекор кој ќе биде неминовен, ако не дојдот печалбарите.

Експертите велат дека без печалбарите на економијата особено во полошко тешко и се пишува. И во време на пандемија и кога не беа дојдени иселениците, користа беше голема само од трансферот на нивните пари кои завршуваат кај нивните најблиски, односно семејствата.

Полошкиот регион е зависен од печалбарите, затоа што 40 % од овој регион е гастарбајтерски

ММС