ТРСКАТА КАЈ СВЕТИ ЕРАЗМО ИЗГОРЕ ВО ПОЖАР, ИНТЕРВЕНИРАА ПОЖАРНИКАРИТЕ

0
24

Голема површина трска и друга ниска вегетација изгоре во пожар, што се случи попладнево во близина на Охрид, во месноста Св. Еразмо, објави „Охридњуз“.

Чадот кој се издигнувал високо, бил густ и се забележувал од голема далечина, што ги вознемири граѓаните.

Интервенирала противпожарната единица од Охрид, која пожарот го стави под контрола, а понатамошната истрага треба да ги утврди причините за пожарот.

Во ова подрачје, слично како и во струшкиот регион секоја пролет намерно се пали и уништува трската која е природно живеалиште на голем број видови птици и животни.