ТУРЦИЈА ОД УТРЕ ГИ ОЛЕСНУВА МЕРКИТЕ,ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОСТАНУВА

0
16

Турција од утре ќе започне со олеснување на мерките против коронавирусот и ќе дозволи движење во текот на денот, истовремено одржувајќи полициски час преку ноќ и за време на викендите, објави Министерството за внатрешни работи во денешниот декрет.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во петокот рече дека Турција постепено ќе излезе од целосното затворање воведено пред две и пол недели и значително ќе ги укине ограничувањата во јуни.

Турските власти ги засилија мерките против коронавирусот откако бројот на дневни случаи на ковид-19 се искачи на повеќе од 60 000 во април, една од највисоките стапки во светот, со бројот на жртви достигнувајќи скоро 400 на ден.

До 1 јуни, луѓето ќе мора да останат дома од 21 до 5 часот наутро во работните денови и од петок навечер до понеделник наутро, покрај тоа што им е дозволено да купуваат основни потреби, се вели во соопштението на Министерството.

Меѓуградските патувања ќе бидат дозволени надвор од работното време, додека рестораните и кафулињата ќе бидат ограничени на надворешни услуги. Трговските центри ќе бидат отворени во работните денови, но објектите како што се спортските клубови и кината ќе останат затворени.

Иако Турција за време на пандемијата воведе ограничувања на движењето и активноста на луѓето, Ердоган се обиде да го задржи производството со одржување на отворени фабрики дури и по целосното затворање.

Бројот на нови дневни случаи падна на 11.000, нагло во однос на минатиот месец, но сепак е поголем од 5.000 заразени , што Ердоган го постави како цел на почетокот на затворањето.

Приближно 10,8 милиони луѓе биле целосно вакцинирани, или 13 проценти од населението, а 14,9 милиони ја примиле само  првата доза.