Убиен е Американец во Белград, полицијата уапсила три лица

0
53

Ѓ. В. (1964), Р. Б. (1986) и М. Ј. (1983) се приведени под сомнение за сторено кривично дело тешко убиство на 54-годишен американски државјанин, пренесува РТС.

Осомничените се товарат за кривично дело тешко убиство, прецизирал за Танјуг портпаролот на Вишото јавно обвинителство, Ивана Ракошевиќ.

Со одобрение на заменикот на високиот јавен обвинител, тие беа притворени 48 часа, а во тој период ќе бидат сослушувани во Вишото јавно обвинителство во Белград, додаде Ракошевиќ.

Обвинителството не дало други информации за овој случај.

Според белградските медиуми, убиството се случило кај Булбудер, на Звездара, а на убиството му претходело случајно познанство и насилна расправија.

Убиениот Американец дошол во Србија на крајот на минатата година и живеел со партнерка која имала српско државјанство, пренесоа медиумите.

Блиц пишува дека тој бил убиен од мажи кои претходно пиеле со него, а исто така тврдат дека причината за убиството е алчност. Тие наводно му украле 2.500 динари (20 евра).