УТРЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА МАСКИТЕ НА ОТВОРЕНО И ЗА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

0
20

Комисијата за заразни болести утре се очекува да расправа за можното укинување на обврската за носење маски на отворено и за полицискиот час. Заменик-министерот за здравство Илир Хасани, кој е и член на Комисијата рече дека неговиот став е овие две мерки е тие да бидат укинати поради значителниот пад на нови случаи.

Мојот став е да ги укинеме маските на отворено. И за полицискиот час мислам дека е време да се размисли во таа насока. Мојот конечен став е за прекинување на полицискиот час, сепак КЗБ ќе донесе одлука заснована врз општата епидемиолошка состојба, нивните параметри, врз основа на прогнозите и врз основа на информациите што ги имаме за другите видови на вируси, како и според потенцијалниот ризик.“

Хасани додаде дека постепено ќе се носат одлуки и за организирањето разни собири.

„…Нема да има брзо враќање во дискотеките и брзо дозволување на свадби какви што имавме порано. Но, секако дека ќе има бавно враќање на големите семинари, на свадбите итн.“

Инаку, во последните 24 часа се регистрирани 53 нови случаи со Ковид 19 од 2.691 тест, што е зголемување за 2% во споредба со претходните денови. Вкупно оздравеле 111 пациенти, а починале 13.

Извор Алсат