ФБИ И ПОЛСКА ЗАПОЧНАА ИСТРАГА ЗА СЛЕТУБАЊЕТО НА АВИОНОТ ВО БЕЛОРУСИЈА

0
17

Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) и Полска започнаа свои истраги за присилното слетување на авионот „Рајанер“ во Белорусија, соопшти литванскиот полициски оддел за криминални случаи.

– Покрај Полска, која ја започна својата предистражна истрага, ние ги потврдивме информациите од колегите од САД дека ФБИ започна и своја истрага – рече на прес-конференцијата шефот на полицискиот оддел, Роландас Кискис.

Борбен авион на белоруското воено воздухопловство беше испратен во неделата на 23 мај да пресретне патнички авион на компанијата „Рајанер“ и да го придружува до Минск.

По слетувањето, новинарот и дисидент Роман Проташевич беше уапсен, а авионот подоцна го продолжи летот кон Вилнус.

Белоруските власти тврдат дека од Швајцарија до авионот била испратена закана за поставена бомба.

Извор Слободен Печат