ФИЛИПЧЕ: ВЧЕРА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 12.211 ГРАЃАНИ

0
22

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, а ревакцинирани се 36.366 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 12.211 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.711 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани.Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.Со последните бројки 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 36% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.Со последните бројки 30% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, напиша Филипче