ФОТО: ПОПЛАВИ ВО РОМАНИЈА СООБРАЌАЈОТ ПОТПОЛНО БЛОКИРАН, ЕВАКУИРАНИ И ГРАЃАНИ

0
25

Романија беше погодена од силно невреме во кое беа поплавени домаќинства и уништени автомобили, а 30 лица беа евакуирани.

Невремето што ја зафати Романија предизвика поголема материјална штета и го запре сообраќајот во некои делови на земјата денес, бидејќи обилните врнежи од дожд и силниот ветер соборија дрвја, оштетија неколку возила и поплавија домаќинства во 14 области и главниот град Букурешт.

Временските непогоди погодија 25 градови во 14 романски области и главниот град Букурешт во последните 24 часа, објави Одделот за вонредни ситуации (ДСУ), пренесува Аџерпрес.

ДСУ потврди дека тимовите за итни случаи интервенирале во Букурешт и 14 романски области за да отстранат вода од десетици домаќинства и улици, како и скоро 200 дрвја, кои оштетиле голем број автомобили, а 30 лица се евакуирани во пределот Бихор како претпазливост.

Жезничкиот сообраќај беше привремено запрен на линијата Букурешт – Брашов, во близина на градот Флоресте, поради паднато дрво на пругата.

Патниот сообраќај исто така е блокиран во моментов на неколку државни и регионални патишта во Романија, а воведена е и редовна одбрана од поплави во некои водотеци во областа Бихор.