(ФОТО) УТРИНАВА ЗАПОЧНА ТРЕТА ТРАНСПЛАНТАВИЈА НА СРЦЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА НАШАТА ЗЕМЈА

0
18

Министерот за здравство Венко Филипче, утринава на неговиот Фејсбук профил информираше дека во 6 часот и 33 минути започнат е процес за трета трансплантација на срце во историјата на нашата земја и на на двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези.

„Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев,
д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа“, напиша Филипче на Фејсбук. 


Исто така тој информираше дека е во тек  експлантација на срце која ја прават кардиохирурзите

д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, откако претходно од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрези, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти, да се надеваме на успех и да им држиме среќа, напиша Филипче. 

Извор ММС