ХАОС НА ПЛАЖИТЕ ВО ШПАНИЈА:АРМИЈАТА СО ОКЛОПНИ ВОЗИЛА ГИ ПРЕЧЕКУВА МИГРАНТИТЕ КОИ ПРЕПЛИВУВААТ ОД МАРОКО-ВРАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА

0
25

Вистински хаос се случува во Шпанија каде на плажите има и оклопни возила кои ги пречекуваат мигрантите кои препливуваат од Мароко.

Шпанските власти соопштија дека од вкупно 8.000 мигранти кои во текот на минатите два дена влегле во енклавата Сеута, повеќе од 4.800 се вратени назад. Безбедносните сили интервенираат за да се спречи натамошно влегување на илегалните мигранти.

-Моментално вршиме примопредавање на оние кои влегле нерегуларно, изјави премиерот Педро Санчез пред Парламентот.

Шпанската војка, но и полициските сили во борбена опрема следеле некои мигранти директно од Мароко. Мароканската полиција, пак, растерала стотина момчиња од граничната ограда.

Лидерот на шпанската енклава претходно ги обвинил мароканските власти поради лошата безбедност и чувањето на границите и тоа го поврзал со одлуката на Мадрид да го прати бунтовничкиот лидер од Западна Сахара, територија под контрола на Мароко, во шпанска болница на лекување.

Шпанија претходно распоредила воени трупи и пратила дополнителни полициски сили во Сеута да патролираат на границата со Мароко откако околу 8.000 мигранти, вклучувајќи и 1.500 малолетници, во понеделникот и вторникот влегле во енклавата.

Министерот за внатрешни работа Фернандо Гранде-Марласка рекол дека Шпанија упатила 200 полицајци во Сеута на границата со Мароко.

Извор Press24