Црн рекорд во Индија: Околу 4 000 починати за едно деноноќие

0
19

Индија регистрираше рекордни 3.780 смртни случаи од коронавирус за 24 часа, јави ДПА, повикувајќи се на индиското Министерство за здравство.

Во истиот период потврдени се 382.000 нови случаи, што значи дека во апсолутна бројки Индија е земја која е најпогодена од пандемијата по САД. Вкупниот број на заразени во земјата е веќе над 20,6 милиони луѓе. Според експертите, реалниот број на смртни случаи е значително поголем од официјалниот.

Во меѓувреме, авион А400М на германските вооружени сили полета за Индија, натоварен со медицинска опрема за да помогне во борбата против коронавирусот.

Во авионот има и делови за специјални мобилни уреди за производство на кислород. Опремата се очекува утре да пристигне во Индија, бидејќи авионот прво ќе слета во Абу Даби.

Вториот германски воен авион А400М ќе полета на 6 мај, потсетува ДПА.