Шпанската полиција запленила седум тони хашиш

0
18

Шпанската полиција спречина акција на криминален клан и запленила седум тони хашиш во една од најголемите интервенции оваа година.

Уапсени се тројца припадници на криминален клан, откако е запрен специјален шверцерски брод во водите на Медитеранот на југот од Шпанија, на кој биле сокриени 200 пакети хашиш, пренесе Ројтерс.

Овој клан, кој шверцувал огромни колицини хашиш во голем број земји бил под лупа на полициите на Франција, Холандија и Шпанија од март минатата година.

„Ова е една од најголемите операции против криминалните кланови кои швервуаат дрога. Запленети се повеќе од седум тони хашиш со што активнотите на овој клан, кој оперира на подрачјето на Гибралтар, ќе бидат значително редуцирани“, стои во соопштението од шпанската полиција.