ЏАНГ SYO: КИНА Е ПОДГОТВЕНА ДА ПРОДОЛЖИ АКТИВНО ДА ГО ПОДРЖУВА НАРОДОТ НА С МАКЕДОНИЈА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ЕПИДЕМИЈАТА

0
19

Амбасадорот на Република Кина, Џанг Ѕуо, денеска ја предаде донацијата од 100.000 дози вакцини „Синофарм“, помош што доаѓа тогаш кога е најпотребно и покажува колку пријателството е потребно во ситуација на здравствена криза.

„Ова е уште еден важен знак на солидарност меѓу Кина и С Македонија во борбата против епидемијата, по испораката на 200.000 дози вакцини „Синофарм“ на крајот на април, и дополнително го збогатува нашето пријателство меѓу двете земји и војските, истакна кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо. Во моментов, постои недостиг на вакцини на глобално ниво. Дури и кога Кина има свои потреби за домашна масовна вакцинација, сè уште ги надминува тешкотиите за да помогне во глобалната борба против епидемијата. Донацијата на 100.000 дози вакцини „Синофарм“ од кинеското министерство за одбрана во С Македонија е уште една конкретна акција за спроведување на декларацијата на претседателот Си Џипинг за вакцините како глобално јавно добро, притоа истакнувајќи го резултатот од CEEC Самитот и демонстрација на духот на взаемна помош меѓу нашите две земји и војските. Кина е подготвена да продолжи активно да го поддржува народот на Северна Македонија во вашите напори за борба против епидемијата и да ги здружиме силите и да напишеме ново поглавје во нашите пријателски односи меѓу нашите земји и војската, рече амбасадорот Ѕуо на примопредавањето на донацијата на вакцините.