ЏАФЕРИ ДО ПЕНДАРОВСКИ: НЕ САКАМ ДА СТАНЕ ПРАКСА НЕПОТПИШУВАЊЕ НА ЗАКОНИ

0
24

Во рок од 30 дена а најверојатно на 8 јуни собранискиот спикер Џафери повторно ќе ја свика седницата на која ќе се најде и законот за легализација на дивоградбите откако шефот на државата Пендаровски не го потпиша указот на ова законско решение. Џафери пак денеска на брифингот со новинарите посочи дека не би сакал ова да стане пракса откако ова законско решение најде на критики кај дел од пошироката јавност која најавува и нова дебата и расправа за утврдување на уставноста на овој закон. Според процдурата и деловникот Џафери вели дека доколку законот повторно го поддржат најмалку 61 пратеник шефот на државата Пендаровски ќе треба да го потпише .

Покрај овој закон на седница до 8 ми се очекува да се најде и една од интерпелациите на министрите Маричиќ или Николовски а одговарајќи на новинарско прашање за нови евентуални блокади Џафери вели дека не ја исклучува можноста тоа да се случи откако опозициската ВМРО ДПМНЕ деновиве повторно реагираат на одредени закони меѓу кои и оној за образование кој се носи со европско знаменце за кој веќе најавија и дека како пратеничка група ќе ја подржат граѓанската иницијатива за референдум.

Од владејачката СДСМ пак обвинуваат за несериозен пристап и фијаско на членови и приврзаници на ВМРО ДПМНЕ кои по секоја цена сакаат да го попречат носењето на законот за дигитализација на учебниците .

Расправата по однос на законите се очекува на следната седница повторно да се врати во салата каде пред пандемијата се одржуваа пленарните седници. Можност за тоа сега постои вели собранискиот спикер Џафери бидејќи пратениците и службите веќе се вакцинирани и со втората доза на вакцините но сепак за тоа зелено светло ќе треба да даде и комисијата за заштита од заразни болести.

Извор Тв24