200.000 СМАРТ КАРТИЧКИ ЗА ГРЦИТЕ СРПСКИТЕ ТУРИСТИ КОИ ЌЕ ТРЕНЗИТИРААТ КОН ГРЦИЈА

0
16

Владата ќе додели 200.000 М-Смарт картички за српските туристи со по 760 денари за патарина во два правци, колку што чини транзитот по Коридор 10 низ Северна Македонија, ифмормираше на прес – конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. Смарт картичките ќе бидат на располагање за сите српски државјани кои од ќе транзитираат на Коридорот 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година.

За оваа намена Министерството за финансии ќе треба да префрли 2.5 милиони евра. Откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, ќе бидат вратени во државниот буџет.

„Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Република Северна Македонија преку граничниот премин Табановце“, рече Арсовски.

Од Владата велат дека пресметките за бројот на смарт картички ги добиле преку анализи на поминати возила во претходните години, ако се земе предвид фактот дека минатата година поради пандемијата со КОВИД-19 границите речиси да беа цело време затворени.

„Споредбата е направена од 2019 година во која имаше рекорден приход од наплата на патарина и во која транзитираа речиси рекордни бројки на возила со туристи. Така што, во однос на бројката оттаму е извлечена таа анализа и е дојдено до оваа бројка од 200.000 картички. Во однос на изработката за тоа е задолжено Јавното претпријатие за државни патишта“, нагласи Арсовски.

Ослободени од плаќање патарини ќе бидат само оние српски туристи кои патуваат од граничните премини Табановце до Богородица, но нема да важи за оние кои преку Скопје и Тетово ќе одат на летување во Охрид.