Земјоделци во тетовско се помалку

0
23

Земјоделци во тетовско се помалку. Населението од година вгодина се откажува од оваа дејност. Класичен пример е тетовското село Горно Седларце, каде од 400 земјоделски семејства остана само дваесетина.

Земјоделецот Ајрула Исмаили е еден од ретките од Горно Седларце кој и покрај како што вели многубројните проблеми во земјоделието одлучил и понатаму да го прехранува своето семејство од своите ниви.

Обработува 200 декари површина, но за голем дел од родот нема пласман, откупните цени се ниски а субвенциите не завршуваат во вистинските раце, трите главни проблеми поради кои селаните се откажуваат од оваа дејност, раскажува Исмаили

Вели дека проблемите се големи, но тој и понатака ќе ги обработува нивите, оти тоа го работа цел работен век, дури и кога бил на печалба во Швајцарија. Но ако продолжи ваквиот тренд, ретко која нива во тетовско ќе биде засадена вели Исмаили

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието, дел од вината за ваквата состојба го гледаат и во самите земјоделци, кои не се здружуваат и не ни размислуваат заеднички да настапат на пазарот. Си работаат самостојно во услови на пазарна економија, што на крај резултира со мал доход.Поради многубројните проблеми во оваа дејност, голем дел од земјоделската површина во тетовско, веќе започнува да се пренаманува во градежни зони.