Американскиот претседател Џо Бајден со посетата на Британија го почна своето прво патување во странство откако ја презеде функцијата. Станува збор за осумдневна мисија за обнова на транс-атлантските врски затегнати за време на ерата на Доналд Трамп и за преформулирање на односите со Русија.
Турнејата претставува тест за способноста на демократскиот претседател да управува и да ги поправа односите со големите сојузници кои се разочараа од трговските тарифи на тогашниот претседател Доналд Трамп и повлекувањето од меѓународните договори.
„Ова е решавачкото прашања на нашето време. Дали демократските сојузи и институции, кои толку многу го обликуваа минатиот век, ќе покажат отпорност против модерните закани и противници. Верувам во тоа. Оваа седмица во Европа имаме шанса тоа да го докажеме“, напиша Бајден во колумна објавена во Вашингтон пост.
Извор Р. С. Е