ВИДЕО – СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА: ЗАГИНА МАЖ ВО СОЛУН

Делови на Грција денеска беа зафатени од силно невреме, а во Солун загина маж откако со автомобилот бил повлечен од надојдената вода предизвикана од обилниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел од Солун, додека пак во тек е потрагата по неговото возило.

Силно невреме ја зафати и Атина со обилен дожд и град, а во неколку населби од северниот дел имаше и прекини во снабдувањето со електрична енергија поради поплава на трафостаница.