Засилени градежни активности на Арифи во пресрет на локалните избори во октомври

Започнаа градежните активности за асфалтирање на улицата Ѓоце Стојчески чија делница се обновува веќе неколку месеци. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, истакна дека од наредната недела ќе се започне со реконструкција на делницата Гоце Делчев.

-Се работи за реконструкција каде претходно се завршени сите активности околу комуналната и подземната инфраструктура.Подземната инфраструктура ќе биде опфатена и со реконструкцијата на улицата Гоце Делчев каде ќе се започне со активности од  наредниот месец. Се работи за една од најоштетените и најдолги улици во градот, која спојува неколку населби во стариот дел на Тетов, рече Арифи

Арифи негираше дека градежната офанзива е дел од предизборните активности во пресрет на локалните избори во октомври годинава

Се позивесно е дека Ариофи ќе бара уште еден мандат. Како против кандидати за Општина Тетово досега неофицијално се спомнува името на Биљал Касами од БЕСА , а веќе официјално своја кандидатура објави Сади Беџети со подршка на ДПА. И двајцата изгубија од Арифи, Беџети пред 8, а Касами пред 4 години. Од Алијансата за Албанците се уште немаат објавено, кој ќе се кандидира за градоначалник на Тетово.

ммс