Гутереш доби втор мандат како генерален секретар на ОН

Генералното собрание на Обединетите нации денеска го назначи Антонио Гутереш за втор мандат како генерален секретар на организацијата. Со ова тој доби уште пет години да ги води Обединетите нации во кои има 193 земји членки.

Претходно месецов 15-те членки на Советот за безбедност на ОН го поддржаа Гутереш во неговиот обид да добие втор мандат.

Според правилата на организацијата Генералното собрание го именува генералниот секретар по препорака на Советот за безбедност. Новиот мандат на 72 годишниот португалски дипломат ќе почне на први јануари 2022 година