Дел од месните заедници од Шарпланинските села бараат пониските предели од Шара да не бидат дел од идниот национален парк

Дел од месните заедници од Шарпланинските села не се согласуваат во идниот националниот парк да бидат и населените места, како и до граничат со паркот. Сметаат дека во идното заштитено подрачје, не ќе можат да стопанисуваат со нивните приватни имоти. Од Министерствто за животна средина на денешната трибина во Тетово која се одржа на оваа тема, објаснија дека селаните нема да имаат никакви пречки, напротив ќе бидат стимулирани за развој на руралниот туризам во ова подрачје.

Месните заедници сметаат дека границата на идното заштитено подрачје Шар Планина треба да започне од повисоките предели, а не како што е предвидено во законот, најниската точка да биде на височина од 550 метри. Националниот парк треба да биде на поголема надморска височина, нитиу да граничи, ниту пак селата да бидат дел од паркот.

На дебатата присуствуваа и дел од ловџиските друштва. И тие побараа од надлежните промена на законот за прогласување на Шар Планина за национален парк, за да можат и понатаму да стопанисуваат со ловните терени и да се грижат за дивечот.

Од надлежното министерство смируваат. Велат дека селаните и понатаму ќе продолжат со своите активности во пределите каде ќе има само поголема контрола. Во тек се разговори и ловните друштва да функционираат но со строги правила и прописи, како што е предвидено за националните паркови

Владата даде зелено светко за прогласување на Шара за национален парк. Останува законот да се изгласа во собранието, а потоа да се формира установа која ќе раководи со идното заштитено подрачје