ДУИ најавува убава вест во сабота, дали со СДСМ е договорен градоначалник на Скопје етнички Алабанец?

ДУИ готви изненадување за локалните избори.  Како што најави партискиот лидер вчера во Липково, партијата ќе излезе со нова платформа која ќе биде дискутабилна и ќе отвори многу дебата, онака како што тоа се случи кога интегративците за прв пат ја промовираа идејата за прв премиер Албанец. На што точно мисли лидерот, од Мала Речица не откриваат. Кратко само информираат дека се што има да каже Ахмети ќе биде содржано во неговата порака која во сабота ќе ја објави на социјалните мрежи.

Медиумите веќе на големо шпекулираат дека станува збор за платформа која треба да седне етнички Албанец во градоначалничката фотелја во градскиот парк во Скопје. Планот е тоа да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ.
И додека сите чекаат изненадувања, премиерот не е изненаден. Вели, знае точно за што станува збор, тоа е убава работа, но ако каже, ќе им го расипе изненадувањето на ДУИ.

Заев ниту потврди ниту демантираш дека со ДУИ готват заеднички настап на локалните избори за кои договорот е наследникот на Шилегов да биде етнички Албанец.

Сличен начин на промоција на своите политики ДУИ имаше и пред парламентарните избори но наместо прв премиер Албанец, партијата доби прв заменик. На последните локални избори пред 4 години заедничкиот настап со СДСМ во град Скопје на ДУИ за прв пат во историјата му донесе заменик градоначалник функција која тогаш за прв пат беше воведена.

СИТЕЛ