Заев: Моето семејство беше протестантско, станав православец во 1999, кога требаше да станам кум на мојот пријател

Премиерот Зоран Заевво интервјуто за српски Курир, откри многу работи за себе, неговиот живот приватно но и професионално како и за семејството. Тој меѓу другото изјави дека бил протестант и дека подоцна се обратил и преминал во православната црква.

Јас сум верник, голем верник. Секоја трета недела наутро, одам на служба во манастирот Водоча кај Струмица, го почитувам секој православен празник. Моето семејство изгради повеќе од 15 цркви, сега градиме голем храм во Струмица со други бизнисмени, висок 54 метри. Помогнав и во изградбата на неколку џамии во Македонија. За мене, сето тоа е Божји дом, рече Заев, за Курир.рс.

Моето семејство беше протестантско. И мајка и татко кога биле млади. Во раните 90-ти, сите влеговме во православната црква, двајца чичковци беа погребани според православните обичаи. Јас се крстив во 1999 година, кога требаше да станам кум на мојот пријател. Веќе бевме во Православната црква, но јас не бев крстен. Се венчав во црква, моите деца беа крстени – истакна Заев.