ИЗРАЕЛ ГИ УКИНА МАСКИТЕ ВО ЗАТВОРЕНО

0
51

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор.

Како што е наведено, постојат три исклучоци, па вработените и посетителите на домовите за стари лица, социјалните институции кои не биле вакцинирани или немале коронавирус, како и оние кои одат во карантин и патници во авиони мора да продолжат да носат маски.

Министерството за здравство не ги спомена училиштата, а претходно беше речено дека учениците сепак ќе мора да носат маски затоа што повеќето од оние на возраст под 16 години сè уште не се вакцинирани, пренесуваат израелските медиуми.

Доколку трендот на болеста продолжи да опаѓа и успее кампањата за вакцинација за деца на возраст од 12 до 15 години, која започна минатата недела, ќе се разгледа и обврската за укинување на маските во училиштата.

Покрај тоа, списокот на земји од кои патниците мора да бидат ставени во карантин 10 дена по пристигнувањето ќе продолжи да се објавува.

Вакцинацијата на возрасните во Израел започна пред половина година, по одобрувањето на вакцината на „Фајзер/Бионтек“.

Во Израел, повеќе од половина од населението од околу девет милиони жители ги прими двете дози на вакцината.