Македонските фудбалери со 4:0 го совладаа Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација на пријателски натпревар го совлада националниот тим на Казахстан со 4:0 кој се играше во Скопје на арената „Тоше Проески“. Стрелци на головите беа Алиоски во првото полувреме, а на останатите три гола во второто полувреме Тричковски, Ристовски и Чурлинов

Денешниот натпревар се играше пред 10.000 публика во Скопје. Ова беше втор пријателски натпревар за репрезентацијата пред европското првенство кое започнува на 11 јули. Претходно црвено жолтите одиграа нерешено со Словенија, исто така во Скопје.

Македонија на Европското првенство ќе игра во групата Ц против репрезентациите на Австрија (13 јуни во Букурешт, 18 часот), на Украина (17 јуни во Букурешт, 15 часот) и на Холандија (21 јуни во Амстердам, 18 часот).