Моментот кога ќе се судрат три луксузни Ferrari

На годишниот собир на суперспортски автомобили наречен Supercar Show, којшто се одржа оваа недела во Филаделфија, пред самиот почеток имаше најмалку три „жртви“.

Иако полицијата вложи напори да обезбеди сигурен премин на десетина скапи автомобили, еден возач на Ferrari реши малку да си поигра.

Возач на црн Ferrari 488 GTB се залета со автомобилот, а кога наиде на колона пред себе брзо сврти во средната лента и удри во друг Ferrari 488 Pista.

Потоа дојде до судир со уште еден Ferrari, црн 458 Italia

Целиот момент беше снимен од McLaren 600LT којшто навреме успеа да запре.