Ноќеска силен земјотрес во Црна Гора во близина на Херцег Нови

Силен земјотрес ноќеска во 01:18 часот според локално време се случи во Црна Гора со епицентар во близина на Херцег Нови, познатото туристичко место.

Земјотресот бил со интензитет од 4,5 степени според Рихтер,со епицентар на 7 километри северно од Херцег Нови.

Бил на длабочина од 10 километри. Засега нема пријави за повредени, ниту за поголеми материјални штети.