Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, денеска во Приштина изјави дека Грција постојано се залага за визна либерализација и дека ќе го поддржува и помага Косово на неговиот европски и евроатлантски пат.
Шефот на грчката дипломатија денеска во Приштина се состана со претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу, премиерот Албин Курти и министерот за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доник Гервал Шварц.
Во тој контекст, Османи ја истакнала важноста на учеството на Косово во евро-атлантските безбедносни механизми.
Косовската претседателка исто така ја истакна потребата од зголемување на трговската и економската размена, како и соработка во областа на туризмот и културата.