ОСМАНИ ЗА ТВ 24: ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИТЕ СЕ ОНА ШТО НЕ ШТИТАТ ВО СПОРОТ СО БУГАРИЈА

0
2

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 анализа истакна дека дека тоа што нас не штити во спорот со Бугарија се принципите, не само нашите, пред се европските и смета дека тоа е нашата најсилна страна во овој спор.

„Се обидуваме тие принципи да ги аргументираме и пред Бугарија и пред нашите пријатели. Правдата е само еден од принципите, но ги има многу принципи кои ја имаат заштитено европската идеја во последните 75 години. При сите бранови на ширење на ЕУ имало обиди за наметнување на билатерални прашања, за кочење на процесот, но секгаш унијата излегла посилна ри тие пречки и секогаш успеала. Тоа го направила врз основа на почитување на принципите.“ – вели Османи.

Тој рече дека јуни е опцијата или декември отколку август и септември зошто во септември ќе бидеме повторно во компања. Во оваа анализа на сите настани, јуни изгледал според него како најдобра можност, но тоа што се случи во Бугарија, ја искомпликува и таа единствена шанса, вели Османи. истакна дека засега на маса е портулагскиот предлог кој ние го проценивме како добра основа заедно со европските пријатели, но не и Буагрија. Смета дека тоа е предлог кој ги адресира сензитивностите на сите три страни.