ПРИВЕДЕНИ 8 ЛИЦА, РАСТУРЕНА ДОМАШНА ЗАБАВА ВО СКОПЈЕ

0
59

Ноќеска (13.06.2021) во 01.28 часот по добиена пријава во СВР Скопје, полициски службеници од Полициска станица Карпош извршиле контрола во стан на бул.„8 Септември“, во кој престојува П.П.(25). При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.