ПРИВЕДЕН 26 – ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦ КАЈ КОГО СЕ НАЈДЕНИ 44 ПАКУВАЊА МАРИХУАНА

Тетовски полицијци денеска по претрес на дом на 26- годишник од градот најдоа 44 пакувања со марихуана, по што осомничениот е приведен. Претресот бил извршен со соодветна судска наредба.

–Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 16.30 до 18 часот извршија претрес во домот на Е.А. (26), на улица „Браќа Миладинови” во Тетово. При претресот, пронајдени му се вкупно 44 пакувања со марихуана. Тој е лишен од слобода, а марихуаната е одземена за вештачење, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документурање на случајот, на осомничениот ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик.