Силен земјотрес во близина на грчкиот остров РодосСилен земјотрес во близина на грчкиот остров Родос

Силен земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја потресе попладнево Грција, во близина на островот Родос.

Земјотресот бил на длабочина од 80 километри во Средоземното море, и бил почувствуван на островот Родос, и околните острови, како и на крајбрежјето на Турција.