Стартуваше мобилната библиотека која ќе биде на раполагање на ученици од цела Македонија Србија Косово Албанија и Турција

Стартуваше мобилната библиотека која ќе биде на раполагање на ученици од цела Македонија Србија Косово Албанија и Турција. Освен книги, за децата ќе бидат организирани работилници, поетско читање и слично.

 

Главната цел на мобилната библиотека е да ја доближи пред се квалитетната литература до младите, каде преку настаните ќе се овозможи и нивно зближување, а со тоа и подигање на свеста на мултијазичност, толеранција и меѓусебно почитување

На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани кој апелираше родителите се повеќе домовите да ги полнат со книги, а не се луксуз.

Инаку мобилната библиотека ќе организира вакви настани како во Теарце така и ширум државата во наредните 12 месеци. Се работи за проект подржан од невладините ГТЗ ИНСТИТУТОТ и ЛОЈА, а истиот има регионална димензија, односно како проект ќе трае 3 години и освен во Македонија ќе се спроведува во Албанија, Турција, Косово и Србија.

ммс