„Алиоски е вистинскиот провокатор, а на крај ќе помине без санкција!“

0
79

Австрија ќе се сретне со Холандија во второто коло од Групата Ц. Тоа ќе мора да го направи без Марко Арнаутовиќ, кој доби еден меч суспензија, поради испадот за време на мечот против Македонија.

„Ја слушнавме одлуката веднаш што слетавме во Амстердам. Тоа е неразбирливо за нас. Алиоски е вистинскиот провокатор во ситуацијата, а сега ќе се извлече и ќе помине без суспензија. Сепак, нема да приговараме на одлуката, сакаме да се фокусираме на фудбалот. Јасно е дека има недостаток на пропорционалност во оваа ситуација“, смета првиот човек на австрискиот фудбал.

Австрискиот голгетер го постигна третиот гол во македонската мрежа. Потоа непотребно испрати провокации кон Алиоски, за што плати цена и нема да биде дел од вториот настап на Австрија на Европското првенство.