АМЕРИКАНЕЦ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ ВО СКОПЈЕ

0
20

Вчера во 17.20 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.А.(34) од Скопје и Р.Е.В.(36) од САД затоа што при преглед кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја и кафеава прашкаста материја. Тие биле приведени и притоа Р.Е.В. физички нападнал полициски службеник.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.