АФРИКАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС ПРИСТИГНА ВО КОСОВО

0
50

Националниот институт за јавно здравство на Косово објави дека во земјата е потврден првиот случај на лице заразено од таканаречената африканска варијанта на ковид-19.

Во соопштението што утрово го објави Институтот се наведува дека пациентот е хоспитализиран на Инфективната клиника во Приштина, а ќе се испитуваат и неговите контакти за идентификување на евентуалните други случаи заразени од тој вид на коронавирусот.

Во Косово веќе неколку недели се забележува видно опаѓање на бројот на починати и на заболени од ковид-19. Во последните десет дена, на пример, вкупно се регистрирани три смртни случаи како последица на заразата, а дневно има по 10 до 15 новозаболени. Високи се и бројките на лица кои ја совладале болеста, што придонесе за опаѓање на бројот на активни носители на вирусот, така што, според последните податоци на косовските здравствени власти, во земјата во моментов има 1.074 заболени од ковид-19.

Извор Р. С. Е