АХМЕТИ: НА 5-ТИ ЈУНИ ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ, ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ГОЛЕМИ ДЕБАТИ КАКО ЗА „ ПРВИОТ АЛБАНСКИ ПРЕМИЕР”

0
21

Лидерот на ДУИ Али Ахмети од Липково порача дека на 5-ти јуни ќе објават платформа, за која како што вели, ќе се дебатира исто како што се дебатираше за нивната изборна идеја „прв премиер Албанец“.

-На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер“, рече Ахмети во Липково.

Што се однесува до кандидатите за локалните избори, најверојатно ДУИ ќе „трча“ со истите имиња. За Тетово со Теута Арифи, за Гостивар Невзат Бејта, за Липково Еркан Арифи, за Струга Рамиз Мерко.

ДУИ на локалните избори ќе оди со испробани кадри – Теута Арифи, Рамиз Мерко, Еркан Арифи, Невзат Бејта…

Во Чаир за нов мандат најголеми се шансите на актуелниот градоначалник Висар Ганиу, меѓутоа амбиција пројавил и директорот на ЈП „Паркови и Зеленило“ Ардијан Муча.