Ахмети тврди дека со Заев преговара за промена на знамето, грбот и химната

0
20

Знамето и грбот на Македонија веќе се ставени на маса, а нова химна е само прашање на време, откри синоќа претседателот на ДУИ,  Али Ахмети, во телевизиска емисија.  Тврди дека, за сите овие прашања активно разговараат со коалициониот партнер, Зоран Заев.

Ахмети го охрабрува Заев и да ги стави Бугарите во Уставот затоа што тоа, според него,  многу ќе го амортизира прашањето со Бугарија. Во однос на спорот со источниот сосед, рече дека, тоа прашање не се решава со прес-конференции и лидерски средби, туку со преземање на одговорност, а тој гледа подготвеност кај Заев за нешто такво.

За овие прашања побаравме одговор од владата и СДСМ, но не добивме никаква реакција.

Телма Телевизија